НОВА УРБАНА ОПРЕМА ВО КАРПОШ 4

 Општина Карпош постави нови корпи за отпадоци и обнови дел од клупите за седење во урбаната заедница Карпош 4, долж булеварот Партизански одреди”, во близина на новата фитнес зона.

Локалната самоуправа ќе продолжи со обновување на урбаната опрема и во другите населби.

Апелираме до сите граѓани, да не се уништува урбаната опрема и истата правилно да се користи.