РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ООУ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

 Општина Карпош ја заврши реконструкција на спортските терени во основното училиште „Војдан Чернодрински“ во Тафталиџе, во урбаната заедница „Владо Тасевски“.

 

Целосно е асфалтирана и обновена основата на спортските терени со површина од 1.442 квадратни метри, со што се доби ново игралиште за мал фудбал со димензии 20x40 метри, како и кошаркарско игралиште.

 

Ова лето локалната самоуправа го искористи за целосна обнова на голем број на игралиштa во основните училиште кои веќе прераснуваат во спортско - рекреативни центри.

 

Со тоа се создадени подобри услови за спортување на учениците за време на часовите по физичко образование.

 

Исто така, се овозможува дополнителен простор за рекреација на граѓаните од околните населби кои во попладневните часови ќе може да ги користат овие терени.

 

Апелираме до сите граѓани за правилно користење на овие зони за спорт, како и за грижа за поставените реквизити и заштита на околниот простор од отпадоци.