ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

 Во понеделник, (17.09.2018) со почеток во 14.00 часот, во салата за состаноци во просториите на У.З. „Кузман Јосифовски Питу“ и У.З. „Пецо  Божиновски Кочо“, (ул. Стрезово бр.7), Советот на Општина Карпош ќе заседава по четиринаесетти пат. На седницата, советниците ќе расправаат според следниот дневен ред:

 

-          Усвојување на Записникот од дванаесетта седница на Советот на Општина Карпош

-          Усвојување на Записникот од тринаесетта седница на Советот на Општина Карпош

 

1.     Предлог-Одлука за укинување на Одлуката за усогласување на максимумот на станбени единици за изградба на објекти со намена А1-домување во станбени куќи определен во сите Детални урбанистички планови кои се применуваат во постапките за издавање на одобренија за градење пред секторот за урбанизам на Општина Карпош, бр.09-3093/13 од 06.04.2016 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.5/2016),

2.     Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за закуп на паркинг места од Верополус Дооел Скопје-Веро 2, У.З. Владо Тасевски за корисници-жители на Општина Карпош од станбената зграда на ул„Иво Лола Рибар“ бр.74

3.  Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2018година,

4.  Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка за спортско-рекреативни и здравствени проекти за физички и правни лица од Општина Карпош (за реализирање на проектот ------------------, доставен од -----------------------------),

5.       Предлог-Одлука за определување на финансиска помош на Драган Апостоловски,

6.       Предлог-Одлука за определување на финансиска помош на Снежана Караџовска,

7.   Предлог-Одлука за давање согласност за ослободување од плаќање административна такса за правните лица при поднесување на барање за потпишување на меморандум за соработка и за физичките лица при аплицирање за добивање на „ Мој Карпош -моја картичка“.