ОТВОРЕН Е KENTUCKY FRIED CHICKEN (KFC) ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

 Во Општина Карпош, во ТЦ Скопје Сити Мол се отвори првиот ресторан на американскиот бренд Kentucky Fried Chicken (KFC). Станува збор за fast food ресторан за пилешко, американски бренд кој постои во повеќе од 123 земји во светот. Инвестицијата е  во вредност од 10 милиони евра, а предвидено е да се отворат 400 нови работни места. На денешното отворање присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

Богоев посаку успех на раководниот тим на KFC од Централна и Источна Европа, како и на целиот менаџмент, за инвестицијата во главниот град.

 - Како градоначалник на Општина Карпош, сакам да истакнам дека негуваме партнерски однос со сите бизниси на наша територија. Во нас, како локална самоуправа, менаџментот на KFC може да гледа вистински поддржувач и партнер, рече Богоев.

Во нашата Општина егзистираат голем број на светски познати брендови. Покрај отворањето на нови работни места се овозможува и раздвижување на економијата на локално ниво.

Во оваа насока, локалната самоуправа започна и со реализација на проектот Мој Карпош – Моја картичка, која овозможува попусти и бенефиции за граѓаните во локалните угостителски објекти и продавници, но и поголема добивка за бизнисите.

Нашата намера е да се воспостави трајна соработка меѓу Општината и бизнис заедницата.